ВИЛА ISI LUX - Неа Потидеа - мдт - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Вила “ISI Lux се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет.
Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби 2+2 за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња.  Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата доколку има слободен паркинг или на 50м од вилата има паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.

EARLY BOOKING – Лето 2024

  10% попуст за целосна уплата до 01.02.24   |     5% попуст за целосна уплата до 01.03.24

“ISI Lux”
Неа Потидеа
термин МАЈ
ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ 
25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14 21
бр. ноќи 7 7 7
7 7
7 * 7 * 7 * 7 * * 7 * 7 * 7 7 7 7 7 7
1/3 студио 125 165 195 225 255 485 525 565 565 565 565 565 285 255 235 205 165 115
АПТ /2+1/ (со 1 спална) 135 175 205 235 265 505 565 595 595 595 595 595 305 275 255 225 185 125
Дуплекс АПТ /2+2/ 105 135 155 175 195 625 665 715 715 715 715 715 205 195 175 155 135 105
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цело студио/апартман цени по лице со превоз

 

 

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • –  Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
  • –  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).

 

Автобуски превоз НЕА ПОТИДЕА, според термини од табелата Патни информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Неа Потидеа (310km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат) 04:15h  Скопје – Солун – Неа Модања – Неа Потидеа

Автопат (Е75)

 

 Трошоци во еден правец:
Патерини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Неа Потидеа:  15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата или стадионот)
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

За овој аранжман важат општите услови на патување на Пикник Травел.