Будимпешта (Унгарија) за 8-ми Март - ЕСТ
Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство. По повод денот на жената ви нудиме прошетка во Унгарија. Патување со ПЦР тест или сертификат со примени две дози вакцина. Во продолжени програма…
Од03.03.2022
До06.03.2022
Цена139 EUR
Промо Цена
109 EUR
План и програма
Состанок на групата на Дрво Декор во 16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.
Слободно време за одмор.
Вечерта предлог индивидуална прошетка до некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање
Појадокот. Факултативна посета на Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт.
Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда.
Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за посета на шопинг центар Арена.
Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во раните утрински часови на 15.02.2022
Сместување
Хотелот се одредува пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата на групата.
Цени
Што е вклучено во цената
-Превоз со високо туристички автобус
-2 ноќевања со појадок во хотел 3*
-Посета трговскиот центар Арена
-Организација и водство на патувањето
Што не е вклучено во цената
-Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
-Факултативно крстарење по Дунав ( 20 еур)
-Факултативна посета на Сент Андреа со Естергом и Вишеград (25 еур)
-Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
-Патничко и здравствено осигурување
-Индивидуални трошоци
-Доплата за еднокреветна соба за лицата кои патуват сами -30 евра
Факултативни излети
Факултативен разглед на градот со локален водич
10€
Разглед на Будимпешта со локален водич за најдборо запознавање со градот
Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањско
20€
Факултативна посета на Сент Андреа со Естергом и Вишеград
25€
Факултативна вечера во национален ресторан
35€
Важно
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, -комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
-За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници
-За Унгарија може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
-За враќање во Македонија, за лица над 18год. потребно е да приложат сертификат за вакцинација: негативен антиген или ПЦР тест.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*
-
Uncategorized
8. Март во Опатија и островот Крк – ATKK
-
Uncategorized
ХОТЕЛ „JENNY 3*“ – Сивири – тур – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
ВИЛА ФИЛОКСЕНИА – Неа Врасна – атк – ЛЕТО 2025