СОКОБАЊА- 8ми Март 2022 - ЛТ -
СОКОБАЊА- 8ми Март 2022
Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.
Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања. Температурата на водата е од 28 до 45 степени.Овие извори се погодни и за превенција од заболувања, па во последните години се повеќе туристи доаѓаат за одмор и рекреација.
Погодната клима, богатството од термоминерални извори и богатата културно историска традиција на ова место се главни мотиви кои од година во година привлекуваат се поголем број на туристи и благодарение на нив Сокобања денес е едно од најпосетените туристички места во Србија.
Термин: 12.03-13.03.2022
ЦЕНА за уплата до 10 февруари: 59 еур/ 3660 ден.
Редовна цена на аранжманот: 69 еур / 4280 ден.
*Може да се патува со лична карта
*Може да се патува со било која вакцина или тест.
(1 ноќевање + 1 полнпансион + свечена вечера + превоз)
ПРОГРАМА:
Прв ден. 12 март- сабота:
Тргнување за Сокобања во утринските часови – организиран превоз од Делчево, Каменица, Кочани, Штип, Велес и Скопје. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Сокобања напладне. Традиционален коктел за добредојде. Сместување во хотел Бaњица 3*. Ручек. Прошетка со локален водич низ широкиот центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило). Враќање во хотелот. Време за слободни активности. Свечена вечера со жива музика. Ноќевање.
Втор ден. 13 март-недела:
Појадок. Пешачки излет до Лептерија со водич. Тргнување за Македонија во 13 часот со попатни паузи. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Коктел за добредојде
- 1 полнпансион (појадок, ручек и вечера)
- Свечена вечера со жива музика со НЕОГРАНИЧЕН ПИЈАЛОК (ладно предјадење, зелник со кисело млеко, 2 парчиња скара, сезонска салата, домашна погача, баклава) хотел Бањица
- Прошетка низ центар на Сокобања (Милошев Конак, Турско купатило), Сокоград
- Прошетки до Лептерија
- Wi-fi интернет, кабелска ТВ
- Користење на Wellness центар (солена соба, џакузи, базен, амам)
- Придружник за време на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 150 ден
За реализација на аранжманот минимум 40 патника
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма.
SIMILAR OFFERS
-
Uncategorized
Атина за 8ми март – ГТ
-
Uncategorized
8ми Март во Херцег Нови и Требиње – АТКК –
-
Uncategorized
ХОТЕЛ „JENNY 3*“ – Сивири – тур – ЛЕТО 2024
-
Uncategorized
BELGRADE – New Year