TULGARIDIS APARTMANI - Неа Модања 2024 иф

Share on facebook

Aпартмани “Diamond Suites” се наоѓаат на самата плажа во местото Неа Мудања. Плажата во овој дел е широка и песочна. Вилата е оддалечена околу 400м од
центарот. Апартманите се на II и III кат и имаат поглед на море. Распоредот е следен:
АПП 4+1:
 Дневна соба со кујна со поглед кон море, комплетно опремена со прибор за онолку лица според бројот на легла, фрижидер, решо.
 Спална соба со брачен кревет за две лица, како и 2 единечни легла, можност за додатно легло, гардеробер, телевизор.
 Купатило, со машина за перење, туш.
 Голема тераса со поглед кон море со гарнитура за седење.
 Интернет вклучен во цената.
 Климата е вклучена во цената.

АПП 5:
 Дневна соба со кујна со страничен поглед кон море, комплетно опремена со комплет прибор за онолку лица според бројот на легла, фрижидер, решо.
 Спална соба со брачен кревет за две лица, како и 3 единечни легла, гардеробер, телевизор.
 Купатило, со машина за перење, туш.
 Голема тераса со страничен поглед кон море, со гарнитура за седење.
 Интернет вклучен во цената.
 Климата е вклучена во цената.

Од дворот на комплексот, на само неколку скали се стига до најубавата плажа во Неа Мудања со ситен песок на која има лежалки, за кои наемот е со нарачана
конзумација. Во кафулето на самата плажа за гостите на “Diamond suites” има 10% попуст на секоја нарачка. Лево и десно од плажата има простор за сопствени
лежалки и чадори. Паркингот е бесплатен за гостите и се наоѓа во склоп на вилата. Ви посакуваме пројатен престој!

НАПОМЕНА:
 Цените се дадени по лице за наем за цел апартман без вклучен превоз;
 Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд;
 Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете
до 7 години – БЕСПЛАТНО;
 Поради генерално чистење на апартманите, после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
 Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
 При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
 Организиран превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
 Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
 Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
 За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
 Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
 Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. (без седиште) – бесплатно;