КУЌА IGUANA -Неа Плагиа - иг - ЛЕТО 2024

Share on facebook

Куќа „Игуана“ е лоцирана во најубавиот дел, централно во Неа Плагија, прва линија на море, на околу 50 метри до плажа од која ја дели прекрасен мал парк со зеленило. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со трикреветни и четирикреветни студија/ апартмани, со поглед кон улицата или со директен, отворен поглед на море. Собите се реновирарни пред летото 2019 година, модерно и квалитетно уредени. Со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

 

За целосни уплати заклучно со сабота, 25 ноември има 17% попуст!!

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
19.5 – 26.5 7 119 65
26.5 – 2.6 7 149 65
2.6 – 9.6 7 179 65
9.6 – 16.6 7 209 65
16.6 – 23.6 7 229 65
23.6 – 30.6 7 259 65

 

Сезонски цени (објавени за наем на студио/апартман за 7 ноќевања)

Термин Ноќевања Трикреветно студио Трикреветен апартман Четирикреветен апартман
30.6–7.7 7 440 545 615
7.7–14.7 7 475 580 650
14.7 – 21.7 7 510 615 685
21.7–28.7 7 545 650 720
28.7 – 4.8 7 545 650 720
4.8 – 11.8 7 545 650 720
11.8 – 18.8 7 545 650 720
18.8 – 25.8 7 545 650 720
25.8 – 1.9 7 510 615 685

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
1.9– 8.9 7 259 65
8.9–15.9 7 229 65
15.9–22.9 7 179 65
22.9 – 29.9 7 119 65

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4 и 5 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Пикник травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување.
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Пикник“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Пикник травел“ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Пикник травел“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „Пикник травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција.

 

  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Пикник травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Тимот на Пикник травел ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.