8 ми МАРТ ВО ЛУКОВСКА БАЊА 2024 - ск

Share on facebook

Хотел Бела Јела 4*

Луковска Бања се наоѓа во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Според географската положба и добрите климатски услови , погодна е за лечење и рекреација. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотелот во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

 

1.Ден 08.03.2024 (петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање во 06 часот. Патување преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, користење на Спа центарот  .Вечера. Ноќевање.

 

2.Ден 09.03.2024 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА 

Појадок. Заминување и разглед до Црквата Св. Мина и етно Музејот под падините на Копаоник (доколку временските услови се поволни) кои се наоѓаат на 5,5 км. Од Луковска бања.  Црквата се наоѓа во центарот на селото Штава. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Спа Центарот или посета на изворите со топла вода. ( Можност за факултативна свечена вечера со музичка програма- со доплата) . Ноќевање.

 

3.Ден 10.03.2024 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите . Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот 169 евра (10.480,00)

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 

 

 Цената на аранжманот  вклучува

– Превоз со туристички автобус на наведената релација.

– Сместување во 1/2 соби во хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања – (појадок, вечера – шведска маса )  (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).

– Користење на внатрешно надворешен базен термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C

– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).

– Користење на сала за забава и рекреација.

– излет до црквата Св. Мина ( доколку дозволуваат временските услови)

– Туристичка такса.

– Организација и реализација со туристички придружник.

 

Аранжманот не вклучува:

– патничко осигурување;

– доплата за свечена вечера 39 евра

– Индивидуални трошоци

 

Попусти и доплати:

– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни плаќа само превоз 35€/2.170ден

– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата

– Доплата за еднокреветна соба 30 евра (на барање)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден

 

 

НАПОМЕНА

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 45 патници.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на  ТА Пикник травел.