8 ми МАРТ ВО КАВАЛА - ид

Share on facebook

Во Северна Грција каде Западот се среќава со Истокот, во домот на кралот на Македонија Филип Втори – таткото на Александар Велики, во „Синиот град“ или како што многумина го нарекуваат „Малиот Монте Карло“, во градот на фасцинантните убавини ќе отпатувате во друга, шармантна ера! Градот Кавала е еден од најубавите грчки градови. Ако го посетите еднаш, засекогаш ќе се заљубите во него!

Програма

Ден 1: 08.03.2024 (петок)

Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица преку Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Разглед на градот и посета на тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот. Слободно време за индивидуални активности. Факултативна 8 Мартовска вечера во една од локалните таверни. Ноќевање.

 

Ден 2: 09.03.2024 (сабота)

По појадокот се упатуваме на факултативна посета на археолошкиот локалитет “Филипи” каде групата ќе има можност да ги посети: Амфитеатарот, Форумот, Археолошкиот музеј, Базилики на рано христијанските цркви како и црквата посветена на Лидија – првата крстена христијанка од Апостол Павле. Токму на ова место се првите почетоци на христијанството во Европа. Во договорено време враќање назад во Кавала. Ноќевање.

 

Ден 3: 10.03.2024 (недела)

Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договореното време тргнување назад за Македонија.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 евра

РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Кавала
– Организација на патувањето и пратител

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневна факултативна посета на археолошкиот локалитет Филипи – 20 евра
  • Организирана 8мо Мартовска вечера во таверна со жива грчка музика – (цена дополнително)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2,5 евра по лице од ноќевање

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Пикник травел.