8 Декември Врњачка бања - ск

Share on facebook

 

ZEPTER HOTEL **** ВРЊАЧКА БАЊА

На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето  и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба.
Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.

08.12.2023 (Петок)  СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА  

Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

 

09.12.2023 (Сабота)  ВРЊАЧКА БАЊА  

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.

 

10.12.2023 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот – 125€/7.750 ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Zepter 4* во центарот на Врњачка Бања

– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања

– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар (затворен базен со минерална вода, џакузи, сауна, фитнес центар и теретана)

– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;

– доплата за вечера 15 евра по лице од ноќ

– Доплата за туристичка такса 250ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);

– Доплата за еднокреветна соба 50€/3100ден на цената на аранжманот

 

Попусти и доплати: 

– едено дете до 7 години со двајца ГРАТИС доплата за превоз 35евра

– едно дете до 07год со двајца возрасни ГРАТИС (доплата за превоз 35евра), а второ дете до 12години 50% попуст

– едно дете од 07-12 години со еден возрасен 30% попуст

– две деца од 07-12годнини имаат по 50% попуст

 

Напомени: 

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Пикник травел