8МИ СЕПТЕМВРИ - ВАЛОНА - ви
1 ДЕН: 07.09.2024 ( Сабота )
Состанок со групата на паркингот спроти хотелот “ Holidey Inn “ во 00.30 часот. Поаѓање за Албанија преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Валона во утринските часови. Панорамски разглед на градот и потоа сместување. Валона е едно од најпосетените и најразвиени туристички центри во Албанија. Град кој со својот изглед никој не остава рамнодушен, град во кој се спојуваат Јадранско и Јонско Море. Градот нуди содржина за сите возрасти од една страна шопинг центри и богат ноќен живот – во многубројните кафулиња и клубови, а а друга страна прекрасна природа, долги песочни плажи и кристално чисто море. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ДЕН: 08.09.2024 ( Недела )
Посета на Манастирот Звернец – кој се наоѓа во околината на Валона, датира од 14 век. Посветен на Св.Мери – сместен на остров опколен во борова шума, нуди мир и спокој, за очите и душата. Враќање во Валона. Слободно попладне за индивидуални активности , мозжност за уживање на плажа. Ноќевање.
3 ДЕН: 09.09.2024 ( Понеделник )
Во утринските часови напуштање на сместувањето .Слободно време за релаксација на плажа или прошетка во Валона. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА: 99€.- 20.08.2024
РЕДОВНА ЦЕНА: 119€
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената релација
- 2 ноќевања – апартманско сместување
- Туристички придружник во текот на патувањето
- Посета на Манастир Звернец
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
- Посета на Манастир Звернец – 10€
НАПОМЕНА:
- За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
- Деца од 0-2 год бесплатно
- Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
- Деца од 6 – 12 години – 20% попуст на сумата
- Се патува со СТАРА ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА !