8МИ СЕПТЕМВРИ - БУДВА - ви
1 ДЕН: 06.09.2024 ( Петок )
Состанок со групата во 23.00 час, поаѓање за Будва во 23.30 час. Се патува преку Косово и Албанија со папатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН: 07.09.2024 ( Сабота )
Пристигнување во Будва во утринските часови – Пристигнување во Будва во утринските часови, (пауза за фотографирање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел со 3* во Будва. Слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани – слободно попладне за индивидуални активности.Ноќевање.
3 ДЕН: 08.09.2024 ( Недела )
Појадок. Слободен ден во Будва.Ноќевање.
4 ДЕН: 09.09.2024 ( Понеделник )
Појадок. После појадокот одјавување од хотел . Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА: 119€ – 20.08.2024
РЕДОВНА ЦЕНА: 139€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Сместување во Хотел 3* – Будва
- Автобуски превоз
- Разглед на Будва
- Туристички придружник во текот на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета на Тиват и Котор: 15€
- Патничко – здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА:
- За со сопствен превоз се намалува 20 евра од цената
- Деца од 0-2 год бесплатно
- Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
- Деца од 6 – 12 години – 20% попуст на сумата
- Се патува со СТАРА ВАЖЕЧКА ЛИЧНА КАРТА !