Хотел Радан 3*
1.Ден 08.12.2023 (петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 09.12.2023 (сабота) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 10.12.2023 (недела) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. По враќањето од прошетката поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот – 159€/9.858ден
ПРОМО ЦЕНА на аранжманот за комлетна уплата при резервација – 139€/8.618мкд
Аранжманот вклучува
* автобуски превоз на наведената релација
* Сместување во Хотел Радан 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
* Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (на база шведска маса)
* Користење на Спа центар ( отворено – затворен базен со Пролом Вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум)
* Користење теретана и фитнес сала
* Користење сала за рекреација
* Излет до црквата Лазарица
* Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува
* патничко осигурување.
* Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата во автобус)
* Индивидуални трошоци
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
– Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 80€/ 4.960ден (на барање)
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 159€/.9.858ден (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860 (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Пикник травел.