Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.
Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.
Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.
ПРОМО ЦЕНА 149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 9.240 мкд до 31.10.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /10.480мкд
Програма на патување:
07.12.2023 (Четврток)-Скопје-Будимпешта
Состанок на групата на хотел Русија во 18.00час. Поаѓање за Будимпешта во 18.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
08.12.2023 (Петок)-Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина…
Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови.Ноќевање.
09.12.2023 (Сабота)-Будимпешта- -Сент Андреа
Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности.
Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.
Ноќевање.
10.12.2023 (Недела) -Будимпешта-Скопје
Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина.
Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење.
Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 11.12-Понеделник.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел Budapest 3*
- Посета на трговскиот центар Арена
- Организација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Будимпешта со водич (10 еур)
- Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
- Факултативна посета на Сент Андреа (20 еур)
- Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
- Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба-900мкд
- Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници