24 МАЈ - Шенѓин, Албанија – Вила Алберти - стф

Share on facebook

Шенѓин, ова лето е новата омилена дестинација за туристите од Македонија. Станува збор за туристичко место во Албанија на Јадранско море. Одалечено на 310 километри од Скопје, со широка песочна плажа долга 5 километри и за да ја прошетате цела ви е потребно околу час и половина. Шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани. Цените на лежалките не се високи, почнувајќи од 5 евра за двајца (во зависност од месецот). Шенѓин е совршено место за фамилијарен одмор.

Вила Алберти се наоѓа на сама плажа и во строг центар. Располага со студиа за до 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети на прв и втор кат без лифт. Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет (без туш кабина), балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 79 ЕВРА

ЦЕНА СО ПОПУСТ до 12.04 69 ЕВРА

 

24.05.2024 (ПЕТОК) СКОПЈЕ- ШЕНЃИН
Состанок на групата на Хотел Русија во утринските часови. Утринско возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Организиран превоз од: Кочани (судот), Штип (лукоил бензинска). Пристигнување во Шенѓин, сместување во апартманите и слободно време за прошетка и уживање на море. Ноќевање.

25.05.2024 (САБОТА) ШЕНЃИН
Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Препорачуваме посета на плажата Rana e Madhe оддалечена на 3,5 km од вила Алберти. Ноќевање.

26.05.2024 (НЕДЕЛА) ШЕНЃИН – СКОПЈЕ
Напуштање на собите во 09:00 часот. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и релаксација. Во попладневните часови во договорено време поаѓање за Македонија со попатна посета на трговскиот центар Prishtina Mall. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови

Располага со студиа за до 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети на прв и втор кат без лифт.Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет (без туш кабина), балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери.

 

Во цената на аранжманот е вклучено
-Автобуски превоз
-2 ноќевања во вила Алберти (на сама плажа)
-Wifi
-Клима вклучена

Во цената на аранжманот не е вклучено
-Индивиудални трошоци
-Патничко осигурување

Напомени:
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);

Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
По завршувањето на турата, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба.
Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Picnic travel.