24 МАЈ - ЧЕШМЕ И АЛАЧАТИ - аткк

Share on facebook

(22.05.2024 – 26.05.2024)

 

Турското крајбрежје го заплискуваат брановите на Егејското Море, а неговите заливи кријат села од соништата… Слатки, приморски села кои можете да ги додадете на листата на места за романтично пролетно бегство од секојдневието! 

Прв ден: 22.05.2024 (среда)

Заминување на групата од Македонија кон Турција  во 16.00 часот од Скопје . Дневно и ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 23.05.2024 (четврток)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со кратка фото пауза пред макетата на коњот користен  во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжуваме со патувањето покрај планината Ида и Бергамо. Во попладневните часови пристигнуваме во Чешме, приморско место кое се наоѓа во турската провинција Измир на западниот брег на Егејот. Сместување во хотелот „Babaylon“ 4* (https://babaylon.com/). Слободно време за одмор и уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 24.05.2024 (петок)

Појадок. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот Чешме со локален туристички водич. Ова мало, живо туристичко место го има како атракција Џеновскиот замок изграден во 1508 година од отоманскиот султан Бајазит II. Кога ќе се искачиме горе на замокот, или на тврдината како што уште ја нарекуваат неговите жители, ќе имаме прекрасна глетка на целото место. Приказите во тврдината се фокусираат на клучната поморска конфронтација и битката кај Чешме, што се случила за време на Руско-турската војна и завршила со пораз на отоманската флота. Поновата историја на Чешме ќе ја запознаеме со прошетките покрај атрактивното пристаниште каде ќе имаме можност да се восхитуваме на елегантните јахти. Слободно време на прошеткa низ туристичкото место кое изобилува со ресторани и кафулиња. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 25.05.2024 (сабота)

Појадок. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на шармантното гратче Алачати со специфична архитектура надополнета со камени куќи, тесни улички опкружени со традиционални дуќанчиња и ресторани и изобилство цвеќиња кои само го надополнуваат овој колорит. Најубавите фотографии ќе ги направиме во паркот на античките ветерници реставрирани во 2007-ма година кои се изградени за да се искористи силата на ветерот кој постојано дува. Всушност, токму ветерот е причината ова место да стане привлечно за љубителите на водените спортови и палаглајдерите. Слободно време за уживање во монденското место кое е најмногу посетувано од уметниците, боемите, хедонистите, познавачите на доброто вино и храна… Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

Шести ден: 26.05.2024 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Измир – древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Дневно и ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утрински  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………299 евра (18.540 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Три ноќевања со појадок и вечера во хотелот „Babaylon“ 4* во Чешме
  • Билет за фериброд
  • Организиран разглед на Чешме
  • Организиран разглед на Алачати
  • Посета на Измир
  • Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба – 80 евра
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА:

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници