21 јуни БУДВА - ид

Share on facebook

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!

Прекрасна обала, убаво море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

Програма

 

Ден 1 – 20.06.2024 (четврток)

Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

Ден 2 – 21.06.2024 (петок)

Пристигнување во Будва во утрински часови. Сместување во Вила Орлович, на 7км од центарот на Будва. Во договорено време, со групата се упатуваме кон центарот на Будва. Слободно време за индивидуална прошетка или уживање на Словенска плажа. Враќање во апартманите. Ноќевање.

 

Ден 3 – 22.06.2024 (сабота)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Будва. Слободно време. Ноќевање.

 

Ден 4 – 23.06.2024 (недела)

Последниот ден е предвиден за факултативна посета на Порто Монтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Потоа групата се упатува кон Котор каде што ќе има слободно време за ручек. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 89 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– 2 ноќевања апартманско сместување во Вила Орлович – Будва (7km од Будва)
– Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник – 30 евра
– Факутлативна посета на Портомонтенегро Тиват и Котор – 15 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 3000 ден. од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
–          За влез во Р. Хрватска патниците мора да имаат валиден биометриски пасош со Северна Македонија

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–          За овој аранжман важат општите услови на патување на Пикник Травел