1ви МАЈ КАПАДОКИЈА - АВИОН - фб

Share on facebook
Кападокија и Анталија

 6 ноќи | 01-08 Мај

 

 

 

   

 

 

 КАПАДОКИЈА – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ
Кападокија – Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa…

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·          Повратен авионски билет, чартер лет од Скопје до Анталија со 20 кг вклучен багаж

·          Аеродромски такси

·          Организиран трансфер Анталија – Кападокија – Анталија со минибус

·          Придружник за време на патувањето во Кападокија

·          Сместување во хотел со 4 * – 4 ноќи во Кападокија, услуга ноќевање со појадок

·          Сместување во хотел со 5 * – 2 ноќи во Анталија , услуга сѐ вклучено

·          Вклучена посета на Кониа и Султан Хан

·          Организиран превоз од хотел до аеродром во Анталија

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

·          Факултативни екскурзии во Кападокија и летање со балон во Кападокија

·          Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци во Кападокија

·          Патничко и здравствено осигурување

·          Дополнителни трошоци во хотел

 

Цена од

699

43.338 ден

Ноќевање со појадок /

Сѐ вклучено

+

ТРАНСФЕР

 

4BB+2AI

 

Програма на патување

 

1 ден (01 мај) Скопје – Анталија – Кападокија

Полетување од Скопје за Анталија во 02.05 ч со лет XQ631. Слетување во Анталија во 04.50 ч.

Организиран превоз до Кападокија со автобус. Попатно разгледување на Кониа. Слободно време за ручек (факултативно). По пристигнување во Кападокија сместување во хотел. Слободно време за вечера. Ноќевање.

 

 

2 ден (02 мај) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран полудневен разглед (Црвена тура) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз,ручек, влезници и водич. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан со богата фолколорна програма. Ноќевање.

 

 

3 ден (03 мај) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран полудневен разглед (Зелена тура) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер,ручек,водич и влезници. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

 

 

4  ден (04 мaj) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран рано наутро лет со балон. Поаѓање во 05ч од хотел. Слободен ден за  индивидуални прошетки и разгледи. Слободно време за вечера. Ноќевање.

 

 

5 ден (05 Мај) Кападокија-Анталија

Појадок. После ручек поаѓање за Анталија. Попатна посета на Султан Хан во централна Анадолија, попатна станица    на патот на свилата. Сместување во хотел во Анталија. Вечера. Ноќевање.

 

 

6 ден (06 мај) Анталија

Слободен ден за капење, услуга Сѐ вклучено. Ноќевање.

 

 

7 ден (07 мај) Анталија

Собите се напуштаат во 12.00 ч, багажот се остава на рецепција. Слободен ден за капење.

 

 

8 ден (08 мај) Анталија – Скопје

Полетување за Скопје од Анталија со лет XQ 630 во 00.25 ч, пристигнување во 01.15 ч.

 

Цени за факултативни екскурзии:

  • Црвена тура – 60 еур
  • Зелена тура – 60 еур
  • Летање со балон од 120 еур
  • Вечера во традиционален ресторан од 35 еур

Важна напомена:

  • Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
  • Разгледите во Кападокија ќе зависат од договор и временски услови на лице место.
  • Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
  • Плаќање при резервација 100 %, и нема можност за откажување, менување на термин или менување имиња.
  • Важат останатите општи услови на патување на Т.А. Пикник Травел.