Хотел Mona 4* Златибор Опкружен со прекрасна борова шума, во центарот на Златибор. Планински туристички центар и здравствено одморалиште на надморска височина, 700-1500 мнв, во југозападна Србија, оддалечено само 235 км од Белград и најблискиот аеродром. Внатрешноста на хотелот е внимателно избрана и создадена за да им даде на гостите комплетна планинска атмосфера во текот на сите сезони, преку комбинација на традиционални и модерни елементи, дрвени облоги и најдобри ткаенини во топли тонови. Хотел Златибор Мона им нуди на гостите 120 пространи и топли соби и апартмани, опремени со сите современи удобности неопходни за целосен одмор и релаксација, вклучувајќи TWC, ТВ, кабелска телевизија со над 40 канали, сеф, мини бар, фен, телефон и бесплатна интернет-врска. Сите сместувачки единици во хотел Златибор Мона се климатизирани. Покрај сместувањето, хотелот нуди многу опции за одмор, забава и оброци, како што се ресторани Перун, Вила и Лада Бар, игротека за деца Моника, како и комплетно опремен Велнес центар – Инспириум, кој им е достапен на сите гости за време на нивниот престој. Конгресниот центар Коледо, со капацитет до 500 места, што опфаќа 500 м2, се наоѓа во близина на главниот влез на хотелот и е поврзан со лоби барот и ресторанот. Доколку е потребно, овој мултифункционален простор е поделен на 2 или 3 независни единици, кои можат да бидат распоредени во согласност со потребите на сите видови настани. Во ресторанот Перун, го негуваме концептот на Бавно подготвување храна, што се базира на локални состојки и традиционални специјалитети на регионот Златибор. Во нашиот хотел, го негуваме духот на локалната заедница и сите вработени и хотелскиот менаџмент се од локалните заедници, а со програмата за стипендии ги едуцираме учениците и студентите и обезбедуваме работни места по дипломирањето. За греење на хотелот и велнес центарот, сончевата енергија од сопствено производство се користи преку сончеви колектори, а во тек е воведување на природен гас за потребите на хотелот.
Hotel Mona 4* Златибор
Минимум престој 4 ноќи
Цена по лице на ден на база Ноќевање со Појадок
Ценовник валиден по периоди: |
05.01-21.01/24 |
|
Тип на Соба |
Kaпацитет на соба |
Цена |
Single Standart Room |
1 |
77€ |
Double Standart Room |
2 |
48,5€ |
Double Comfort Room |
2+2 / 3+1 |
55€ |
Double Superior Room |
2+2/ 3+1 |
63€ |
Apartment Classic |
2+2 / 3+1 |
На барање! |
Aparment Mona |
2+2 / 3+1 |
На барање! |
Дополнително легло за лице над 12 години |
34€ |
Во цената е вклучено:
– Ноќевање со појадок
– Користње на затворени базени, фитнес центар, сауна свет
– Wi-FI
– Детско катче
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 1,20€ по лице на ден; Деца од 7-12 години плаќаат 0,70€ по лице на ден; Деца до 7 години не плаќаат (наплата во агенција)
– Парна Бања
– Надворешен паркинг 12€ по кола за 24h
Услови за деца:
– Деца до 0-1,99 години ГРАТИС;
– Деца 2-9,99 години 4€ на ден по лице;
– Деца 10-11,99 години 18€ по лице на ден;
Доплати:
– Вечера за возрасно лице 16€ по лице на ден:
– Вечера за деца 2-11,99 години 11€ по лице на ден;
– Престој на домашни миленичиња е дозволен со претходна најава доплата 10€ на ден.
Услови на плаќање: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
Отказ на резервација:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.