ДАТУМ : 20.10.2023 – 23.10.2023
РЕДОВНА ЦЕНА: 125 евра по лице
ПРОМО ЦЕНА : 109 евра по лице
СМЕСТУВАЊЕ: ХОТЕЛ 3*
ПРЕВОЗ: АВТОБУСКИ
Kaко ни доаѓа есен, така се буди и желбата за посетување на земјата што ќе ве изненади со убавините на културната разноликост и природата. Патување кое ќе ви остане во сеќавање со прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина
Сараево е најголемиот и главниот град на Босна, град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.
По неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна.
Луѓето кои патуваат во Сараево немаат преголеми очекувања за градот, па можеби тоа е главната причина што овој град секогаш изненадува.
Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа “ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Градот Сараево е седиште на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион на Југоисточна Европа.
Со неколку национални и градски театри, музеи и културни институции, Сараево е исто така значајно место на културната карта на овој дел од континентот.
Мостар е најважниот град во регионот на Херцеговина неговата културна престолнина, и центар на Херцеговско-неретванскиот кантон. Во градот поминува реката Неретва и е петти по големина град во земјата. Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот мост по текот на Неретва.
Стариот мост, изграден од страна на Османлиите во 16-иот век, е едно од најпрепознатливите обележја на Босна и Херцеговина и се смета за еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот.
Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 метри над реката Неретва во својата највисока точка.
На 9-ти ноември 1993 година мостот бил разрушен од страна на хрватската војска. Самиот мост бил повторно обновен во 2004 година кога и е ставен под заштита на УНЕСКО. Овој мост е познат како главен симбол на градот Мостар во Херцеговина.
ПЛАН И ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН (20.10.2023) ПЕТОК
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч од пред Хотел Русија но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
ВТОР ДЕН (21.10.2023) САБОТА
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.
Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.
ТРЕТ ДЕН (22.10.2023) НЕДЕЛА
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊
Првото место за посета е Бункерот на Тито во Коњиц. Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот.
Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн.
По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица , која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год. Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар 😊
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.
Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (23.10.2023) ПОНЕДЕЛНИК
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја.
Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел.Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Македонија.
Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. Заминување кон Македонија.Попатна пауза во Србија за ручек. Пристигнување во Скопје во период од 00:00-03:00ч
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- Крстарење по Дрина – Цена за пакет: 5е
- Босански пирамиди (Равно тунел лековити простории) –
Цена за пакет: 25е - Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Мостар и Босански пирамиди) – Цена за пакет: 75е
- Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар) –
Цена за пакет: 60е
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА :
- Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посета на Вишеград и Андриќград
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
- Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра
- Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)
- Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
- Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)
- Патничко осигурување
!! За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус !!
!! ВАЖНО !!
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
-Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје - За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите