( 2 ноќевања )
ДАТУМ : 12.10.2023 – 15.10.2023
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 евра по лице
ПРОМО ЦЕНА :139 евра по лице
СМЕСТУВАЊЕ: ХОТЕЛ 3*
ПРЕВОЗ: АВТОБУСКИ
Да уживаме во Венеција – кралицата на Јадранот , Милано – градот на модата, како и на кафе во Трст но и да направиме шопинг во Палманова овој празничен викенд!
Венеција е град во северна Италија познат по туризмот и индустријата, и е главен град на регионот Венето, со население од околу 270.660.
Заедно со Падова и Тревизо, градот е вклучен во областа Падуа-Тревизо Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10 век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република.
Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водата“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ ,, Град на канали“.
Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливата Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утоките на реките По (југ) и Пијава (север).
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали пароброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Република Венеција беше главна поморскa моќ за време на средниот век и ренесансата, и место за одмор на крстоносните војни и Битката кај Лепанто, како и многу важен центар за трговија (особено на свилa, жито и трговија со зачини) и уметност од 13 век до крајот на 17 век. Ова ja направило Венеција богат град во текот на поголемиот дел од својата историја.Тој исто така е познат по своите неколку значајни уметнички движења, особено периодот na ренесансата. Венеција има одиграно значајна улога во историјата на симфониската и оперската музика, и тоа е родното место на Антонио Вивалди.
Милано е вториот најголем град во Италија и главен град на регионот Ломбардија. Градот бил основан од Келтите. Подоцна, градот бил освоен од Римјаните, станувајќи главен град на Западното Римско Царство.
Милано е главен индустриски, трговски и финансиски центар на Италија и водечки глобален град. Во неговиот финансиски центар се наоѓа италијанската берза (Borsa Italiana) и седиштата на најголемиот дел на националните банки и компании.
Градот е познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Благодарение на неговите важни музеи, театри и знаменитости (вклучувајќи ја Миланската катедрала – петта најголема катедрала во светот и Санта Марија деле Грацие – украсена со слики на Леонардо да Винчи, дел од светското културно наследство) , Милано привлекува повеќе од два милиони посетители секоја година. Во него се наоѓаат бројни институции и универзитети, со повеќе од 185.000 студенти во 2011, т.е. 11 проценти во целата земја.
Претставува дом на два големи фудбалски клубови, Милан и Интер.
Се смета за еден од најживописните и најкултурно богатите градови во Италија, а туристите имаат повеќе причини да го посетат градот:
- Mода: Градот е една од модните престолнини во светот. Тој е дом на врвни модни брендови, дизајнерски бутици и некои од најпознатите модни ревии во светот.
- Уметност и архитектура: Милано е познат по својата уметност и архитектура, вклучувајќи ја познатата катедрала Дуомо, сликата на Тајната вечера од Леонардо да Винчи и замокот Сфорца.
- Храна и пијалок: Милано има богата кулинарска традиција, со многу ресторани кои служат вкусна италијанска кујна. Туристите сакаат да поминуваат време во миланските кафулиња и барови, кои нудат локални вина и традиционални пијалоци како аперитиво.
- Културни настани: Италијанскиот град е место за културни настани во текот на годината, вклучително и Миланската модна недела, Миланската недела на дизајн, Миланскиот филмски фестивал итн.
ПЛАН И ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН (12.10.2023) ЧЕТВРТОК
Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (13.10.2023) ПЕТОК
Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон.
Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар PALMANOVA (околу 3 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати брендови. Шопинг центарот е уникатен изграден така што додека се движите низ него, се чувствувате како да сте во италијански град од времето на ренесансата. Продолжувањe кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (14.10.2023) САБОТА
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано.
Се посетуваат следните локации:
- Замокот Sforzesco, Arco de la Pace;
- Паркот Sempione и населбата Brera;
- Познатата опера Scala di Milano, но и галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала – Il Duomo di Milano;
- Слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (15.10.2023) НЕДЕЛА
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција.
Се посетуваат следните локации:
- Плоштадот Сан Марко;
- Дуждевата палата;
- Kаналот Гранде
- Mостот Риалто
Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони.
Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
Пристигнување во Македонија на 16.10.2023 во раните утрински часови.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- МИЛАНО ( Цена за пакет: 55 евра по лице )
- ВЕНЕЦИЈА ( Цена за пакет: 25 евра по лице ) – Задолжителна факултатива
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА :
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз од Скопје
- Лиценциран придружник
- Посета на Трст и Палманова OUTLET центар
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Туристичка такса
- Индивидуални трошоци
!! ВАЖНО !!
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 50 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Доплата за еднокреветна соба 40 евра
- Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра
- Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице
- Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице
*Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Пикник травел.