Нова Година 2024 во Соко Бања -стф

Share on facebook

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртањ на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.

Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 евра 

ПРОМО Цена 259 евра 

Што е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок, ручек и вечера
  • Две свечени вечери на 31.12 и на 01.01, со богато мени со музичка програма, трубачи и лутрија
  • Неограничени домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на 31.12
  • Организирано дружење во центарот на Соко Бања
  • Организација и придружник на патувањето

Што  не е вклучено:

  • Здравствено и патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 800 динари)

Програма

Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Краток одмор, по што заминуваме на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор.

Вечерта дочек на Новата Година со забавна музичка програма и богато мени и лутрија.

Ноќевање.

 

Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (Башта отвореног срца).

Враќање во хотел. Ручек.

Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме.

Вечерта организирана свечена вечера во хотелот.

Ноќевање.

 

Појадок. Во 10.00 час одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности.

Во 12.00час. поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Македонија во вечерните часови.