Нова Година 2024 во Букурешт 28.12-02.01.2024 -стф

Share on facebook

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Дали сте спремни за Нова Година 2024 во БУКУРЕШТ? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра 

ПРОМО ЦЕНА 169 евра

 

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз Скопје – Букурешт – Скопје
  • 3 Ноќевања со појадок во Хотел со 3*
  • Разглед на градот – Букурешт со водич
  • Туристичка такса
  • Пратител во текот на целото патување
  • Организација на Новогодишна Прослава на плоштад со превоз

Што не е вклучено:

-Факултативна вечерна посета на стариот град- 5€
-Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 10 евра за студенти 6 евра) – возрасни 40€ – студенти 30€
-Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (40 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
-Патничко осигурување – 300 мкд.

 

Програма

 

Собир на групата на паркингот кај Хотел Русија, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот.

Парламентот

Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Плоштадот на Револуцијата

Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниjа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Сместување во хотел.

Вечерна организација: Организирана посета на стариот град – (Факултатива – 5 евра)

Враќање во хотел.

Ноќевање.

Појадок,

По појадокот во договорено време Факултативно заминување кон Термалните Бањи кои се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.

Дозволете си едно поинакво утро и 3 часовно целосно опуштање во Термалните Бањи.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. Оние кој нема да одат имаат слободно време.

Попладневна oрганизирана посета на шопинг центар

Враќање во хотел.

Ноќевање.

Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш и Бран домот на Дракула. Пелеш Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. БРАН “домот на ДракулаБајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Враќање во хотелот во Букурешт.

Вечерта придружување на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт. Дочек на Нова Година 2024 во Букурешт со огнено шоу.

Враќање во хотел.

Ноќевање.

Доцен појадок во хотел. Oдјавување и во договорено време со водичот тргнување за Македонија..

Очекувано пристигнување во Скопје, раните утрински часови во Вторник 02.01.2024.