ВЕЛИГДЕН ВО НЕОС ПАНТЕЛЕИМОНАС - имп

Share on facebook

НЕОС ПАНТЕЛЕИМОНАС

(Со посета на Катерини, Метеори, Палео Пантелеимон)

 

Прв ден: 03.05.2024 (Петок)

Тргнување на групата во 06:30 од Скопје и 07:00 часот од Куманово (можност за преземање на патници во Велес, Неготино и на граница) кон Грција со попатни паузи за царински формалности. Посета на Катерини главниот град на Пиерија сместен во подножјето на митската планина Олимп. Покрај многубројните продавници по кои е добро познат меѓу нашите туристи, Катерини фасцинира со своите неверојатно убаво уредени паркови, меѓу кои секако најубав е оној во центарот каде што има фонтани, водопади и богати зелени површини. Тука е и познатата улица Александар Велики која е централна пешачка зона со многубројни продавнички, кафулиња и ресторани за сечии вкус. Слободно време за шопинг, прошетка и индивидуален ручек. Оттука го продолжуваме патот кон Неос Пантелеимонас. Пристигање и сместување во Вила “Димитрис”. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Втор ден: 04.05.2024 (Сабота)

Факултативна посета на “Метеори” – манастири помеѓу небото и земјата. Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемит еправославни комплекси во Грција. Тие се сместени над  гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони.  Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50.000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови. Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некадео колу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажиња. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски. Слободно време за индивидуален ручек, шопинг, фотографирање и уживање во прекрасната глетка. Во попладневните часови враќање во Неос Пантелеимонас. Слободно време за индивидуални активности. Можност за организирана посета на вечерната литургија за Воскресение во црква Св. Преображение Господово. Ноќевање.

 

Трет ден: 05.05.2024 (Недела)

Слободно време за индивидуален доручек. Заминување и посета на уникатното селце Палеос Пантелејмон, кој од 1978 год. е класифициран како традиционална населба со карактеристики на заштита на културно наследство на ЕУ. Традиционалното селце се состои од камени куќи кои се направени од камен донесен од Олимп, сместени на стрмни падини со поглед на врвовите на планината Олимп и на Егејско Море. Плоштадот во селото се карактеризира како голем двор во кој е сместена црвата Св. Пантелејмон,  старо училиште кое е пренаменето во традиционално кафуле каде што можете да пробате традиционални пити и слатки. Целиот овој голем двор е покриен со вековниот чинар. Во селото ке најдете многубројни таверни и продавници за продажба на традиционални производи, рачно изработен накит и сл. Слободно време за индивидуална прошетка, ручек, шопинг и сл. Во договорено време враќање во Неос Пантелеимонас. Ноќевање.

 

Четврти ден: 06.05.2024 (Понеделник)

Слободно време за индивидуален доручек, по што следи одјавување од вилата. Во договорено време заминување за Македонија, со попатни паузи. Пристигање во вечерните часови.

 

 

Цена по лице : 6.990 ден.

3-то и 4-то лице доплаќаат: 5.590 ден.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Три ноќевања во 1/2, 1/3 или 1/4 апартмани во Вила Димитрис
  • Посета на Катерини
  • Посета на традиционалното село Палеос Пантелејмон
  • Туристичка такса
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Метеори –490 ден. по лице
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)

 

Напомени и услови:

  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 620 денари по лице
  • За реализација на оваа патување потребни се минимум 35 патници