3 ноќи во Кападокија и 4 ноќи во Измир
Авионски превоз секој петок
Цена 799 €
Подгответе се за кратко патување во Кападокија, каде што мајката природа макотрпно
правела чуда кои ѝ пркосат на имагинацијата, и каде што живите елементи на
историјата, културата, уметноста и општеството се нераскинливо поврзани. Потоа,
продолжете со Измир кој, со својата историја, одлична клима, 629 км крајбрежје,
море со сите нијанси на сино, и богато културно наследство, Ве очекува да го
откриете.
Програма на патување:
1 ден (петок) Скопје – Измир – Кападокија
Полетување за Кајсери (Кападокија) во 11:20 часот со број
на лет XQ897. Слетување во Измир во 14:40. Полетување за
Кајсери (Кападокија) во 20:45 и пристигнување во 22:15
часот. Организиран трансфер од аеродром до хотел.
Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални
активности. Ноќевање.
2 и 3 ден (сабота и недела) – Кападокија
Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
4 ден (понеделник) Кападокија – Измир
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до
аеродром. Полетување за Измир во 08:25 часот со број на
лет XQ9039. Слетување во 10:00 часот. Организиран
трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.
Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5 – 7 ден (вторник, среда, четврток) Измир
Појадок. Слободно време за индивидуални активности,
разгледи, прошетки, шопинг. Ноќевање.
8 ден Измир-Скопје
Појадок. Одјавување од хотел и организиран трансфер до
аеродром. Полетување од Измир во 11:05 часот, и
слетување во Скопје во 10:30.
Хотел во Кападокија | Хотел во Измир | Цена за пакет по лице | |
Burcu Kaya Hotel 3 * | Ontur İzmir 4 * | 799 € | |
Gamirasu Cave 4 * | Altin Yunus Resort & Thermal Hotel 5* | 869 € |
Во цената се вклучени следните услуги:
– Авионски билет со Sun Express ,со вклучени
аеродромски такси, 7 кг рачен багаж и 20 кг чекиран
багаж
– 8 дена / 7 ноќевања во одбран хотел, услуга
ноќевање со појадок
– Трансфер од аеродромите до хотел и обратно
Во цената не се вклучени следните услуги
– Факултативни екскурзии
– Патничко и здравствено осигурување
– Дополнителни трошоци (телефон, минибар, пијалоци,
оброци надвор од концептот)
Важна напомена:
– Цените не се гарантирани, туку се променливи во зависност од слободни места во авион и хотел
– Сместувањето е во наведените хотели (во зависност од избраниот пакет) или слични на нив
– Цените за деца кои патуваат со возрасно лице се достапни на барање
– Цените за еднокреветни или трокреветни соби се достапни на барање
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветна соба. Плаќањето е исклучиво во денари 1 € = 62 ден
– Пасошот треба да биде валиден минимум 6 месеци од денот на враќање
– Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или имиња
– Важат останатите општи услови на патување на Пикник травел