ВИЛА МАРИЈА – ЈЕРИСОС
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос.Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.
Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос. Апартманите се наоѓаат на први на втор спрат од вилата. Сите се опремени со кујни кои се целосно издвоени од спалните соби, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Апартман бр. 1
Двокреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.
Апартман бр. 2
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
Апартман бр. 3
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
Апартман бр. 5
Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.
Апартман бр. 6
Четирикреветен дуплекс апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има три простории, од кои две се посебно издвоени спални соби со врати и посебна кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Во едната спална соба која е помала има два единечни кревети со нормална големина, мебел и прозор. Во другата спална соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр. 7
Четирикреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, два кревета на спрат, мебел, телевизор и клима уред. Купатилото е со нормална големина, а терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата во задниот дел.
Апартман бр. 8
Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Апартманот има издвоена кујна која е опремена со електрично решо, фрижидер со мала комора и садови за готвење и јадење. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, еден помал единечен кревет наменет за деца, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се влегува во купатилото кое е со нормална големина. Терасата е пространа, опремена со пластична маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата и кон улицата.
ИЗГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОТО ОД ПРЕУБАВИОТ ЈЕРИСОС
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ЛОКАЦИЈАТА НА ВИЛАТА
SIMILAR OFFERS
-
НЕА ВРАСНА - АСПРОВАЛТА
ВИЛА RITA НЕА ВРАСНА – ВТ – ЛЕТО 2023
-
3 КРАК - АТОС
ВИЛА ТАКИС & МАРИА – ЈЕРИСОС – АТК – LETO 2023
-
3 КРАК - АТОС
ВИЛА БИЛИС -ЈЕРИСОС (3 крак) МГН – ЛЕТО 2023