Вила Александрос-ЕСК-Leto 2023-Крф

Share on facebook

Вила Александрос се наоѓа на островот Крф на 300м оддалеченост од AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со  2, 3, 4 креветни студиа. Сите соби се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат. Дрвена дво креветна куќичка која што е во истиот двор,Анекс со  2 и 3 кревета и еден Мезонет четворокреветен.

Во објектот нема лифт.

 

Термини Редовна цена Промо цена
27.05-03.06 99e 83e
03.06-10.06 110е 93е
10.06-17.06 130е 105е
17.06-24.06 150е 120е
24.06-01.07 160е 135е
01.07-08.07 175е 147е
08.07-15.07 210е 175е
15.07- 22.07 225е 185е
22.07-29.07 225e 185e
29.07-05.08 225e 185e
05.08-12.08 225e 185e
12.08-19.08 225e 185e
19.08-26.08 184e 155e
26.08-02.09 165e 140e
02.09-09.09 152e 130e
09.09-16.09 123е 110е
16.09-23.09 107е 95е
23.09-30.09 99е 83е

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос
– Туристички пратите за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативни излети
– Патничко осигурување

-Клима
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратен билет за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

 

За оние кои за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Ние го организираме одморот се со цел повеќе да видите и е комбнација од  релаксирање и авантура со истажување. Уште првиот ден нашиот претставник Ве сместува во студиата и во вечерните часови следува инфо состанок каде добивате доста информации во врска со местото, островот и сл. Исто така оди и презентацијата на екскурзиите која се одвива според дадена програма

Сместување (ВИЛА АЛЕКСАНДРОС)
Вила Александрос се наоѓа на островот Крф на 200м оддалеченост од AB МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со студиа за 2, 3 и еден апартман за 4 лица. Сите соби се опремени со мини кујна, фижидер, WC и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден).  Сите студиа се распоредени на ниско приземје, прв кат,дрвени куќички,анекс1 и мезонет. Во објектот нема лифт.

Факултативни излети

Тура на север
Целодневен излет со автобус. Групата ги посетува најпопуларните туристички дестинации во Палеокастрица и Сидари: плажата Палеокастрица со манастирот Богородица, се оди до највисоката достапна точка каде се гледа цела Палеокастрица, буквално најубавиот поглед на цел остров, Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво.

Посета на плажата Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење со брод
Целодневно крстарење со вклучен ручек. Групата се чека на пристаништето во Ипсос. Крстарење по североисточниот дел на островот. Попатни застанувања за капење на прекрасна дива плажа, каде и се прави пауза за ручек сервирана од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Застанување на плажи кои се достапни само со брод. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Kрстарење до Паксос и Антипаксос
Овој летен рај се наоѓа на речиси ненаселеното островче Антипаксос, а две плажи посебно се издвојуваат со својата убавина и кристално чиста вода. Паксос е остров кој се наоѓа на 14 км јужно од Крф и 20 км западно од Парга. Паксос зафаќа површина од 19 квадратни километри и е еден кластер на острови во Јонското море. Овој прекрасен остров нема аеродром и до него може да се пристигне само со фериброд и поради тоа е во состојба да се заштити од напорот на модерниот туризам. Паксос е остров со бескрајни маслинови градини а на Антипаксос се насади од винова лоза. Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува