Авионска програма
ВЕЧНИОТ И НЕПРИКОСНОВЕН Р И М
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА за уплата до 31.08.2023 – 490 евра (30.380 денари)
РЕДОВНА ЦЕНА 549€ (34.040 мкд)
Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта.Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање.Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно.Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела,и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација,тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.
Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…
01.10.2023 СКОПЈЕ – РИМ (Недела)
Состанок на групата на аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим со WIZZAIR во 06:05 часот. Слетување во Рим на Фиумичино во 07:50 часот.Трансфер до центарот на градот и организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано,црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република,Виа Национале,Пјаца Навона,Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо,Виа Венето,Замок Свети Ангело, Вила Боргезе, плоштад Венеција,Римскиот Форум,Колосеумот,Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели),Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите),Пантеонот (монументалниот храм во Рим),прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо…Сместување во хотел.Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.
02.10.2023 ТИВОЛИ (Понеделник)
Појадок. После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период.Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО.Враќање во центарот на градот.Слободни индивидуални активности.Враќање во хотел. Ноќевање.
03.10.2023 РИМ – ВАТИКАН (Вторник)
Појадок. Со метро заминување за Ватикан и средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи,Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело,Рафаело,Бернини.По завршување на посетата на Ватикан ,слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.
04.10.2023 РИМ – РИМОКАТОЛИЧКИ БАЗИЛИКИ – СКОПЈЕ (Среда)
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со посета на римокатоличките базилики: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано,црква Сан Пјетро ин Винколи,црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил.По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корзо или Виа Национале (главни шопинг улици).Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 20:00 часот.Полетување за Македонија во 23:10 часот.Пристигнување во Скопје во 00:55 часот на 05.10.2023 (четврток).
Во цената е вклучено:
- aвионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
- рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
- сместување во хотел 3* во Рим на база 3 ноќевања со појадок;
- разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
- трансфер аеродром – хотел – аеродром;
- организација и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
- туристичка такса 5 евра од ноќ по лице – 930 денари;
- влез и разглед на Ватикан со локален водич – 65 евра;
- превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 60 евра;
- факултативна посета на Римокатоличките катедрали – 20 евра;
- влезница за црква Св.Климент и гробот на Св.Кирил – 10 евра;
- метро карти;
- сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
- патничко осигурување