ВЕЛИГДЕН ВО МЕТАМОРФОЗИ - ГОЛДЕН БИЧ 3*- ткс

Share on facebook

Поминете ги сончевите првомајски и велигденски денови на море!

Метаморфози е едно од најмирните места на Ситонија, спој на мирис на море измешан со мирис на борова шума и низа на многу мали плажички. Одлично е позиционирано на почетокот на кракот и е перфектно почетно место ако сакате да го запознаете целиот полуостров Ситонија!

 

01.05-06.05.2024 НОЌИ 1/2 Стандард 1/3 Стандард 1/4 Стандард
Цена по лице – ББ 5 179 165 150

Цената е по лице за 5 ноќевања на база ноќевање со ПОЈАДОК и вклучен превоз!

01.05.2024 (Среда) – Прв ден 
Собирање на групата во 05:30 часот, поаѓање во 06:00 од Скопје,Дрво Декор (попатни одмори, царински формалности)
По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време.
Организиран првомаjски ручек на плажа со пиво и суфлаки. Ноќевање.

02.05.2024 (Четврток) Втор ден 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, ноќевање.

03.05.2024 (Петок) Трет ден
Појадок. После појадокот има организиран факултативен излет. Во договорено време со водичот се чекаме на рецепција и се упатуваме кон Ормос Панагиас од каде што ни започнува Крстарењето со брод околу Атос. По завршувањето на факултативниот излет се враќаме назад во хотел. Слободно време. Ноќевање. Цена за факултативниот излет ќе биде објавена дополнително!

04.05.2024 (Сабота) Четврти ден

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или релаксација на сонце покрај морето. Вечерта можност за посета на црква и дочекување на христовото воскреснување на полноќ. Ритуално кршење со велигденски јајца. Враќање во сместувањето и ноќевање.

05.05.2024  (Недела) Петти ден

Појадок. Слободни активности до ручек. Организиран веигденски ручек по желба. Во договорено време со водич. Ручекот ќе биде во таверна во Метаморфози. Цена за ручекот ќе биде објавено дополнително!

06.05.2024 (Понеделник) Шестти ден Појадок. Одјавување  во договор со водичот во зависност од интересот за шопинг во  Солун на враќање.

 

Вклучено во цена:                                                                                                                        

-Автобуски превоз

– 5 ноќевања со појадок

-Шопинг во Солун (по договор)

 

Не е вклучено во цена:

Факултативен излет Крстарење околу Атос-цена дополнително

-Велигденски ручек во таверна- цена дополнително

-Туристичка такса 3 евра  по соба од ден

-Ручек на плажа со суфлаки и пиво.- 10 евра