ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА - аткк

Share on facebook

(02.05.2024 – 06.05.2024) 

 

Прв ден: 02.05.2024 (четврток)

 

14.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје. Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на протокот Дарданели со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

 

Втор ден: 03.05.2024 (петок)

 

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел  „Surtel“ 3***  во центарот на градот (https://www.surtelhotel.com/ ) . Вечера. Ноќевање.

 

 

Трет ден04.05.2024 (сабота)

 

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување во најсветото место во Ефес – куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. Слободно време за разгледувањето и престој на најубавото место за Велигден. Враќање во Кушадаси. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

 

Четврти ден: 05.05.2024 (недела)

 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Памук Кале.  Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени.Тука ќе ја  имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на богата шведска маса. По ова несекојдневно доживување, можност за организирана посета на единствениот природен феномен во светот – Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови сместување на групата во „Herakles“ 3 *** во селото Karahayit, првиот термален хотел во Памук Кале лиценциран од Министерството за здравство на Турција (http://www.heraklestermal.com.tr/).  Хотелот располага со надворешен базен и со спа центар во кој внатрешниот базен има лековита термална вода, а во бањата во секоја хотелска соба има минерална вода. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Можност да прошетате низ центарот на селото и да го почувствувате автентичниот турски амбиент. Ноќевање.

 

 

Петти: 06.05.2024 (понеделник)

 

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време заминување кон Македонија преку протокот Дарданели со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утрински  часови во вторник на 07. Мај.

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………359 евра (22.260 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус

– Билети за траект на Чанак Кале

– Два полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел „Surtel“  3*** во Кушадаси

– Еден полупансион (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотелот „Herakles“ 3 *** во Karahayit (Памук Кале)

– Излет до Ефес: автобуски билет и влезница за  Куќата на Богородица

– Kористење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“  и ручек на шведска маса

– Влезница во Памук Кале

– Посета на Измир

– Локален туристички водич за сите излети  вклучени во програмата

– Организација на аранжманот и  придружник на патувањето

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 85 евра

– Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници