ВЕЛИГДЕН ВО КАПАДОКИЈА - фб

Share on facebook
Кападокија Велигден

 4 ноќи | 03-07 Мај

 

 

 

   

 

 

 КАПАДОКИЈА – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ
Кападокија – Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa…

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

·          Повратен авионски билет, од Скопје до Кападокија со 20 кг вклучен багаж

·          Аеродромски такси

·          Организиран повратен трансфер од аеродром Кападокија до хотел

·          Придружник за време на патувањето во Кападокија

·          Сместување во хотел Abras Cave или сличен, 4 ноќевања, услуга ноќевање со појадок

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

·          Факултативни екскурзии во Кападокија и летање со балон

·          Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци во Кападокија

·          Патничко и здравствено осигурување

·          Дополнителни трошоци во хотел

 

Цена

599€

37,140 ден

Ноќевање со појадок

 

+

ТРАНСФЕР

 

4BB

 

Програма на патување

1 ден (03 мај) Скопје –  Кападокија

Полетување од Скопје за Истанбул во 08.40 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 11.15 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2012 во 13.05 ч, слетување во Кајсери во 14.30 ч.

Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне .Факултативно организирана вечера во национален ресторан со музика. Ноќевање.

 

 

2 ден (04 мај) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура или класична) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек, влезници и водич (09.00 ч -17.00 ч). Разглед на: Devrent Valley, Pasabagi (Monk’s Valley), Avanos (Pottery center), Goreme Zelve Air Museum, Uchisar Castle. Уживање во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве. Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10-13 век. Од највисоката карпа во Гореме, Учисар ќе уживате во преубава панорама која се протега пред нас. Ручек во Аванос, град на грнчарската уметност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

 

 

3 ден (05 мај) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек, водич и влезници (09.00 ч- 17.00 ч). Разглед на: Kaymakli Underground City, Ihlara Valley, Belisirma, Selime. Посета на најпознатиот подземен град Кајмакли и кањонот Ихлара. Посета на селото Белисирма, односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз. Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж сличен како од Војната на ѕвездите. Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан со музика. Ноќевање.

 

 

4  ден (06 мaj) Кападокија

Појадок. Факултативно организиран рано наутро лет со балон. Поаѓање околу 04 ч од хотел. Волшебно, незаборавно доживување. Слободен ден за индивидуални прошетки и разгледи. Слободно време за посета на национален ресторан за да ја вкусите традиционалната кујна на овој регион. Слободно време за вечера или посета на ресторан со дервишки танц (факултативно). Ноќевање.

 

 

5 ден (07 Мај) Кападокија Скопје

Појадок. Слободно предпладне. Во 12 .00 ч организиран превоз до аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2013 во 15.15 ч, слетување во Истанбул во 16.55 ч. Патувањето продолжува со ТК1005 во 19.00 ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.30 ч по локално време.

 

Цени за факултативни екскурзии:

  • Северна тура – 55 еур
  • Зелена тура – 65 еур
  • Летање со балон (за овој период цените почнуваат од 180 еур, цената е променлива и зависи од периодот и организаторот)
  • Вечера во традиционален ресторан од 35 еур
  • Вечера во ресторан со дервишки танц 50 еур

 

Важна напомена:

  • Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
  • Цени за сместување во еднокреветна соба 150 еур, на барање.
  • Разгледите во Кападокија ќе зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
  • Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
  • Плаќање при резервација 30%, доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата има право да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање.
  • Важат останатите општи услови на патување на Пикник Травел.