БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ТИРАНА (07.12.2024-09.12.2024) - atkk

Share on facebook

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ТИРАНА

КРУЈА-ПРИЗРЕН

(07.12.2024-09.12.2024)

 

Ако случајно посакате да ја посетите најмалку истражуванaта и најчудната и неоткриена европска престолнина Тирана, тогаш бидете подготвени на тоа дека ќе Ве дочекаат многу пријатни и гостопримливи жители… Имате можност да го запознаете градот со најмногу бункери на светот кој во последните години тежнее кон тоа да го разбие сивилото што го остави зад себе тиранијата на Енвер Хоџа… Иако е изолиран со децении, во последните години забрзано се трансформира и се развива, па денес лесно може да се спореди со било кој модерен град во Западна Европа. Со Камениот Мост од Отоманскиот период, Италијанските вили, комунистичките згради, најсовремените плоштади, новите величествени верски објекти, но и станбените, деловните и трговските центри,  Тирана станува се` поинтересна дестинација за туристи од целиот свет. Фасадите на зградите се обоени во весели бои и тоа е она со што овој град се гордее: од некогашниот сив и затворен, денес кога влегувате во него имате впечаток како да влегувате во луна парк…

 

Прв ден: 07.12.2024 година (сабота)

04:00 часот заминување на групата од Скопје кон Албанија со туристички автобус преку граничниот премин Блаце. Пристигнување во Тирана во пладневните часови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Плоштадот кој го носи името на Националниот херој Скендербег, Градското Собрание, Парламентот, Владата и Банката на Албанија кои се сместени на самиот Плоштад како главни историски објекти, Етхембеговата џамија, Саат кулата… Во самиот центар на градот се наоѓа и третата најголема православна црква во Европа-Храмот на Воскресението Христово изграден 2012-та година со што е одбележана дваесетгодишнината од оживувањето на Албанската Православна Црква. Најголемо внимание сепак привлекува зградата на Националниот Музеј. Мозаикот „Албанија“ оштетен во земјотресот во 2019 година го претставува албанскиот народ низ вековите, а неговата централна фигура-жената во народна носија со пушка во едната и отворена дланка на другата рака е силна жена борец од комунистичкиот период која воедно го симболизира и  албанското гостопримство. Градот е основан од Турците во 1614 година и во изминатите 400 години ја комбинирал турската, италијанската и руската архитектура. По организираниот разглед, сместување на групата во хотелот „Tirana International Hotel & Conference Centre”4****(https://www.tiranainternational.com/). Ова е најголемиот и најпрестижниот хотел и конференциски центар во Албанија лоциран на централниот плоштад Скендербег,  лесно достапен до најатрактивните историски и културни знаменитости на градот. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Во вечерните часови уживање во вистинската Божиќна бајка во која се претвара целиот Плоштад – уникатна и срдечна атмосфера, празничен дух, улици полни со топли светилки, вкусна храна и пијалоци, рачно изработени производи кои можете да ги најдете низ преполнетите божиќни тезги… Тирана нуди и одличен ноќен живот, што е уште една можност да учествувате во забавата и да уживате во празничната атмосфера што се чувствува низ целиот град. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Втор ден: 08.12.2024 година (недела)

Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Круја, градот кој е најверојатно најпопуларната туристичка дестинација во Албанија најмногу заради исклучителното историско значење за земјата бидејќи тука е роден Националниот херој од српско потекло Скендербег. Градот има многу атракции, впечатлива панорама на прекрасните природни предели во околината но, ја има и Старата чаршија која датира уште од 17. век и меѓу локалното население е позната по името  „Derexhiku“. Калдрамисаните улици ќе не` однесат до мноштвото продавници кои изобилуваат со автентични традиционални сувенири. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време враќање во Тирана. Вечерта можност за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Трет ден: 09.12.2024 година (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Призрен, најдобро сочуваната тајна на Косово.  Градот е сместен меѓу Шар Планина од едната страна и рушевините на Калај од другата страна, а низ него под неколкуте мостови тече реката Бистрица. На самиот центар наречен Шадрван се наоѓа Синан-Пашината Џамија и Камениот Мост, а опојната мешавина на османлиска и византиска архитектура го прават Призрен град-Музеј под отворено небо. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ автентичните продавници. Во договореното време заминување на групата кон Македонија. Пристигнување  во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………179 евра (11.100 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

  • Превоз со туристички автобус
  • Две ноќевања со појадокво хотелот „Tirana International Hotel & Conference Centre”4* во центарот на Тирана
  • Организиран разглед на Тирана со лиценциран туристички водич
  • Организирана посета на Круја и Призрен
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Туристичка такса во хотелот во Тирана – 1.5 евра од вечер – (се плаќа во агенцијата)
  • Доплата за еднокреветна соба 65 евра
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници